Кустурица во иднина ќе бара руско државјанство

Министерство за одбрана на Русија
Режисерот не прецизира кога планира да го стори тоа.

Српскиот режисер Емир Кустурица смета дека е сé уште рано да бара руско државјанство, но подготвен е да го стори тоа во иднина. Тој го изјави ова во средата по концертот на Зимскиот меѓународен фестивал на уметноста во Сочи под раководство на Јуриј Башмет.

„Сé уште е многу рано. Тоа ќе биде подоцна“, рече тој, одговарајќи на прашањето на агенцијата ТАСС за тоа дали планира да бара руско државјанство.

На 21 февруари Кустурица го прифати предлогот на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу да ја преземе должноста главен режисер на Централниот академски театар на руската армија.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња