„Музика во рамка“: Најголемите руски музичари на уметнички фотографии

Евгениј Евтјухов со децении ги фотографира најистакнатите руски музичари. Денес тој е жива легенда благодарение на снимките од светот на руската класична музика. Ова се некои од неговите најдобри фотографии.

Евгениј Евтјухов низ својот објектив ги набљудуваше некои од најголемите современи музичари: Владимир Спиваков, Јуриј Башмет, Валериј Гергиев, Денис Мацуев, Мстислав Ростропович и многу други. Овој фотограф ги фати во моменти на творештво, обземени од музика, како и во секојдневниот живот, додека се смеат или се замислени.

Во прикажувањето на историјата на современата руска класична музика, Евгениј Евтјухов создаде сопствен стил кој му овозможува на гледачот да го доживее магичното присуство на уметникот преку фотографијата. Фотографирањето на проби и концерти за време на интензивен, инспиративен уметнички процес му дава можност на Евтјухов да „исчезне“, прикажувајќи ги музичарите во нивната емотивна и природна состојба.

Виолончелистката Анастасија Леонова, Москва, 2019 година.

Маестро Владимир Спиваков, Иркутск, 2011.   

Андреј Гугнин и Владимир Спиваков пред проба со оркестар, Уфа, 2021. 

Виолинистот и диригент Сергеј Крилов настапува со Рускиот национален оркестар на сцената на Големата сала на Московскиот државен конзерваториум „Чајковскиˮ, Москва, 2019. 

Пијанистот Денис Мацуев на фестивалот „Ѕвездите на Бајкалотˮ, кој го организираше тој. Иркутск, 2011. 

Диригентот Јуриј Темирканов и пијанистот Денис Мацуев за време на фестивалот „Ѕвездите на Бајкалотˮ, Иркутск, 2015. 

Виолинистот Јулијан Рахлин на фестивалот „Ѕвездите на Бајкалотˮ, Иркутск, 2017. 

Диригентите Јуриј Темирканов и Јуриј Башмет на фестивалот „Ѕвездите на Бајкалотˮ, Иркутск, 2018. 

11-годишниот пијанист Елисеј Мисин, лауреат на меѓународни натпревари, Калуга, 2021. 

Музичка династија: пијанистката Катја Сканави, нејзиниот татко, професорот на московскиот конзерваториум Владимир Сканави и нејзината ќерка Александра Стичкина, Москва, 2016. 

Виолончелистот и музички педагог Борис Андријанов, Московска област, 2015. 

Борислав Струљов и неговото виолончело. Дали ќе го фати? Москва, 2012. 

Пијанистот Денис Мацуев се забавува имитирајќи стјуард во авион, 2015. 

Самостојната изложба на Евгениј Евтјухов „Музика во рамка“ ќе се одржува во Рускиот национален музеј на музиката од 24 февруари до 15 мај 2022.  

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња