Направен е пресврт во времето: уметникот ги замислува логоата на брендовите како да се дизајнирани во средновековната ера. Резултатот е визуелно привлечен и, што е интересно, комерцијално успешен.
Иљја, 28-годишен дизајнер-илустратор во една крипто-компанија, доби инспирација да создаде серија „средновековни“ логоа по патувањето по Белорусија.
„Ги посетив замокот Мир и замокот Несвиж. Бев инспириран од комбинацијата на таа средина и различните активности направени во тие дворци“, вели Иљја.
Кога го започнал проектот, уметникот не очекувал дека ќе стане толку познат во Русија, па дури и во странство. Популарноста на своите креации ја објаснува со оригиналноста на содржината, но и со привлечноста што идејата за средниот век ја има кај многу луѓе и денес.
„Средниот век е врвна романса. Се работи за храбри витези и прекрасни принцези, огромни замоци и суетни кралеви. Знам дека луѓето ја третираат таа доба на различни начини: тогаш се случувале и некои ужасни работи, но таквите настани и моменти го прават тоа уникатно и интересно време“, вели уметникот.
За Иљја и неговото дело истражувањето на средновековните теми не е ограничено само на историското претставување на епохата; ја вклучува и духовитата страна на тоа време.
„Постојат две категории на луѓе во Средниот век. Луѓе кои се дел од историската компонента, каде има многу настани, личности, оние кои го одбележуваат самиот живот на тоа време. А можете да гледате на тоа време и од шеговита страна. Сликите од тоа време се смешни во некои аспекти. На пример, тогаш не постоел концептот на перспектива, а ако сакаа да прикажат делфин, на пример, тоа би било само една голема риба. Поради тој сликовит наратив, се појавија многу различни мемиња кои денес одекнуваат во свеста на многу луѓе “, вели тој.
Иљја Сталоне ги „испрати“ во Средниот век логоата на брендовите како Puma, Playboy, Lacoste, Instagram, Microsoft Windows, Burger King, Audi, You Tube и други. Уметникот ги објавува своите дела на својот инстаграм-профил.
„Да бидам искрен, не очекував дека мојата средновековна збирка ќе стане толку популарна, а особено дека ќе биде објавена во други земји и за неа ќе се пишува во медиумите. Би рекол дека тоа е, на прво место, затоа што на луѓето им се допаѓаат оригинални содржини кои претходно немале можност да ги видат. Ако, потоа, додадете малку хумор во интеракцијата со некој добро познат елемент (во мојот случај тоа се брендовите), тогаш како резултат ќе добиете рецепт за едно одлично јадење што сите ќе го сакаат“, вели Иљја.
Уметникот, кој веќе соработуваше со некои руски компании, вели дека би сакал да работи и со меѓународни брендови.
„Се разбира, би сакал да комуницирам со познати светски брендови и верувам дека тоа е само прашање на време“, вели тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче