„Вселенски комунизам во народните маси!“ „Каков прекрасен ласерски срп!“, „Зошто на плакатот контурите на земјата според димензиите не одговараат на СССР“, се коментари кои можат да се сретнат на Klukva Press, страница на руската социјална мрежа „Вонтакте“, посветена на цртаната визија за руската алтернативна космонаутика.
Меѓу делата се нереализирани вселенски проекти од времето на СССР, советски сајбер-постери и измислени херои на советскиот сајберпанк.
Сите дела и стрипови ги црта еден човек, 35-годишниот Александар Орлов од Череповец, менаџер во една руска ИТ-компанија. Како што вели тој, црта уште од детство, од хоби. Во 2010 година го направи својот прв фантастичен стрип. Многу често го инспирираат ракетите од советско и руско производство.
„Сајберпанкот е практично тука, а на луѓето им се допаѓа неговата комбинација со носталгија и стилизација од времето на СССР. Советскиот сајберпанк е помил и поразбирлив“, објаснува Орлов.
На пример, според мислењето на Александар, Советскиот Сојуз сигурно би имал свој Космоград.
Така, на пример, би можела да изгледа во иднината модернизираната орбитална платформа „Тајфун“. Серијата калибрирани вселенски апарати беше развивана на почетокот на 1970-тите заради поставување и регулирање на копнените и вселенските комплекси на Министерството за одбрана на СССР.
А ова се системите на орбиталните вселенски станици „Алмаз“ развивани во шеесеттите за фотографско и радиотехничко извидување и управување со копнени воени средства од орбитата.
Ракетата „Сојуз-ФГ“ последен пат беше лансирана од космодромот Бајконур, со советскиот систем за спојување на вселенски бродови „Игла“ би изгледала многу поопасно.
Еве какви би биле советските киборзи кои работат во фабриките за производство на ракети.
А вака би изгледал советскиот одговор на Мандалорецот- нано Чебурашка и мустаклест космонаут со револвер.
Во советскиот сајбер-панк неизоставни би биле пропагандните плакати. „Другари, не заборавајте да ги ставите имплантите на полнење“;
„Сменоводителу! Не ги примај на работа оние кои не примиле заштитни наноботови!“.
„Јакни ја сајбер моќта на државата!“.
И на советските гопници во алтернативната реалност би им бил потребен полнач.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче