Неверојатните бурјатски кукли на Даши Намдаков (ФОТО)

Музей Востока (Музеј на Истокот)
Познатиот ликовен уметник и скулптор изработи цела серија бајковити суштества со источњачки колорит.

Скулпторот Даши Намдаков, родум од далечно бурјатско село во Забајкалскиот крај на Русија, помина огромен пат од селски занаетчија до уметник чии дела се изложуваат во музеите ширум светот.

Неговиот неповторлив стил е лесно препознатлив, независно дали станува збор за огромни пејзажни објекти, скулптури или графика. Мистичните суштества на авторовиот универзум се препознаваат по фините црти на лицето, источњачката облека и бурјатскиот колорит. 

Во своите дела уметникот пред сé се занимава со врските на човекот и природата, како и со бурјатските легенди и преданија. Во 2016 година Даши првпат се сврте кон народната традиција на изработка на кукли, кои во бурјатската култура се поврзани со будистичките ритуали. Тоа можат да бидат фигури на свети животни, божества и идоли на култот на мајката. Од дамнина народните мајстори правеле кукли-амајлии.  

Во превод од бурјатски јазик „Уљгер“ значи предание. Токму така се нарекува серијата авторски кукли изработени според нацртите на Даши Намдаков. Погледнете неколку од нив.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња