Новогодишен конкурс за деца

Амбасадата на Руската Федерација, заедно со Образовниот центар за класична ликовна уметност Da Vinchi, организираат конкурс НАПРАВИ САМ УКРАС ЗА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА, посветен на традициите на народната уметност во Русија и Македонија.

Конкурсот што го организираат Амбасадата на Руската Федерација во Скопје и Образовниот центар за класична ликова уметност Da Vinchi трае до 15 декември 2021 година.

Пропозициите за учество во конкурсот се следниве:

1. Во конкурсот можат да учествуваат деца од 5 до 17 години.

2. Украсот за елка може да биде изработен од секаков материјал и во секоја техника. Предност имаат оние дела кои ги одразуваат народните уметности на Русија и С. Македонија.

3. Украсот треба да има начин на прицврстување на новогодишната елка.

4. Еден учесник на конкурсот може да поднесе само еден украс.

5. Фотографијата од конкурсното дело со добар квалитет (украсот мора да биде целосно и јасно видлив на фотографијата) можете да ја испратите на  iaserov@mid.ru или на фејсбук-страницата Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија.

Во писмото мора да се наведат име, презиме, возраст, адреса и податоци за контакт на авторот на украсот (телефонски број, е-пошта).

Украсите на сите учесници во конкурсот ќе ја красат новогодишната елка на руската амбасада.

Потребно е веднаш по испраќање на фотографијата украсот да се достави до амбасадата - по пошта на адреса ул. „Пиринска“ бр. 44, 1000 Скопje, или лично на наведената адреса од понеделник до петок од 8:30 до 13:00 и од 14:30 до 18:00 часот.

По Новогодишните и Божиќни празници учесниците на конкурсот ќе можат да си ги земат своите украси.

Најдобрите дела ќе бидат објавени на страницата на Амбасадата.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20 декември на страницата на амбасадата на „Фејсбук“. Украсите на победниците на конкурсот ќе ја красат новогодишната елка на Амбасадата.

Победниците ќе добијат награди и подароци од амбасадата на Руската Федерација во Скопје и Образовниот центар Da Vinchi!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња