Колку етнички заедници живеат во Русија?

Максим Богодвид/Sputnik
Најголемата земја на светот е многу шаренолика во етничка смисла. Дури ни граѓаните на Русија не можат лесно да одговорат на прашањето колку народи живеат во нивната земја.

На руски „Русин“ се вели „русский“, а има и посебен збор „россиянин“ што значи „граѓанин на Русија“, независно од националната припадност. Милиони луѓе во Русија не се декларираат како Руси по националност.

Фестивал на културата и спортот на народите на Кавказот во Грозни.

Според пописот од 2010 година, во Русија живеат 193 етнички заедници. Звучи како да ги има многу, но всушност и не е. Русија не е ниту меѓу првите 50 земји со најголем етнички диверзитет, а според припадноста на населението кон различни етнички групи се третира како монолитна (првите 20 земји на врвот на ранг листата на етничка разновидност се наоѓаат во Африка). Од 146 милиони жители на Руската Федерација, 80,1% се Руси, а 19,9% сите останати.

И покрај тоа, речиси двесте народи ја доживуваат Русија како своја татковина. Ги наведуваме 10-те најбројни етноси во Руската Федерација.

Инфографика - Largest Ethnic Groups In Russia

Заеднички живот во иста држава

Многу етнички заедници имаат одредена автономија бидејќи за време на формирањето на Советскиот Сојуз републиките и регионите биле дефинирани според етничката припадност. Благодарение на тоа, некои етноси немаа проблеми со зачувување на културата, обичаите и јазикот. Денес населбите на териториите на таквите етноси значително се разликуваат од сите други места во Русија.

На пример, овие пет градови на Русија не личат на другите руски градови. Има места каде алкохолот е целосно забранет, како и места со древни будистички храмови и цели градови и региони каде што во секојдневниот живот се зборува на некој друг јазик.

За сето тоа своевремено придонесе болшевичката национална политика, бидејќи болшевиците ги спонзорираа и поддржуваа етничките групи, објаснува етнологот и академик на Руската академија на науките Валериј Тишков.

„Поимот националност првпат е воведен 1926 година за време на првиот советски попис на населението. Првите две декларации на советската власт беа декларацијата за правата на работниците и декларацијата за правата на народите со слоганот „еднаквост на народите, народностите и етнографските заедници“, вели Тишков. Тогаш се воведени и термините „угнетувани нации“ и „доминантна нација“. Оваа последната беа Русите. Таа прокламирана рамноправност, според мислењето на Тишковлев, во одредена мера им обезбеди поддршка на болшевиците, особено на етничката периферија.

Од друга страна, неколку децении подоцна, советската власт ја согледа опасноста токму во етничките автономии. Дознајте повеќе овде зошто Сталин насилно пресели цели народи во многу сурови услови.

Некои имаа помалку среќа

На „празникот на првата риба“ кој го одбележуваат автохтоните народи на Камчатка - Евените, Корјаците, Ителмените и Алеутите.

Во моментов 47 етноси имаат официјален статус на автохтон народ со мал број на население. Тоа се Кетите, Алеутите, Ителмените, Ненците и други. Само овие етнички групи се заштитени со закон бидејќи ги исполнуваат следниве критериуми: останати се помалку од 50000, живеат во својата историска татковина, ги чуваат обичаите и се доживуваат како посебен етнос.

Некои заедници сè уште чекаат да бидат вметнати во тој список, додека други се тргнати од него поради нивниот голем број, на пример Јакутите, Бурјатите, Комите и Хакасите (сите тие имаат регионална автономија, но не можат да претендираат на посебни бенефиции и заштита на државата).

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња