Претседателот на Русија Владимир Путин се појавува како главен лик во популарната видео-игра Half-Life 2. Видеото во кое шефот на руската држава плива во река, пука со пушка и лови риба е објавено на „Јутјуб“.
Гејмерите во краткиот видео-материјал според мотивите на играта ги уфрлија сите популарни мемиња со рускиот лидер, вклучувајќи јавање на коњ (во играта наместо коњ се појавува „страјдер“, тешко оклопно борбено возило што чекори) и цртање на мачка. Исто така, судејќи според сé, Путин е новиот администратор на Земјата наместо поранешниот лик Волас Брин.
Претходно при обраќањето на меѓународната конференција за вештачка интелигенција и анализа на податоци Аtificial Intelligence (AI) Journey 2021 рускиот претседател изјави дека луѓето треба да ги користат можностите на метауниверзумот за да комуницираат и учат и покрај физичките растојанија. Притоа тој истакна дека со помош на тој инструмент не треба да се бега од реалниот свет. Покрај тоа, Путин изјави дека државата треба да ги заштити руските граѓани и нивните виртуелни двојници во сајбер-просторот.
Видео-играта Half-Life 2 беше претставена во 2004 година. Научнофантастичната акција со пукање од прво лице има култен статус и повеќе пати се најде на ранг-листите на најдобри игри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче