Познат фоторепортер на руската новинска агенција ТАСС во својата хроника посведочи на изградбата на нови станбени блокови, секојдневието на урбаниот живот и многу други автентични настани во својата хроника.
Фотографот Борис Косарев (1911-1989) е најпознат како снимателот на култните сцени од Конференцијата во Јалта 1945 година. Ги фотографираше и главните актери - големата тројка која официјално позираше - Черчил, Рузвелт, Сталин.
Успеал да го овековечи и нешто помалку официјалниот Черчил и да го улови неговиот поглед.
Меѓутоа, поголемиот дел од кариерата ја фотографираше Москва. По задача на новинската агенција ТАСС и своја желба, тој од година во година создаваше вистинска хроника на урбаниот живот. Во моментов се достапни и дигитализирани повеќе од 600 фотографии на овој талентиран фотограф кој имаше префинето чувство за време. Ве запознаваме со некои од нив.
Зимско утро, Црвениот плоштад, 1950-ти.
Манежниот плоштад по дожд, 1956.
По дождот, Мала Лубјанка, 1950-ти.
Пионери, 1950.
Ѕидините на Кремљ, 1957.
По фудбалски натпревар, стадион Динамо, 1960-ти.
Софиски кеј, 1960-ти
Другарки, Нескучна градина, 1960.
Југозападот се шири. Изградба на нови делови на Москва, 1960-ти.
Лимонада. Прошетка по Ленинските, денес Воробјови, гори, 1960-ти
Споменикот на Тарас Шевченко на Кутузовскиот проспект, 1960-ти.
Студен ден, 1960.
Разговор по телефон, 1960.
Москва се гради, 1960.
Москва, возење по Кружниот прстен, 1970-ти.
Странски дописник, Москва, 1970-ти.
Чаша вода, 1970.
Аеродромот Шереметјево, терминал В (Рјумка), 1970-ти
Пионери на фискултурната парада на Црвениот плоштад, 1 мај 1976.
Изложбата „Московската збирка на Борис Косарев. Портрет со градот во позадина“ во Центарот Гиљаровски ќе биде отворена до 21 ноември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче