Доцентот на Универзитетот Вирџинија Ендрју Кауфман тврди дека делата на Достоевски се популарни меѓу затворениците во САД.
Творештвото на Фјодор Михајлович Достоевски, а особено романот „Злосторство и казна“, се многу популарни меѓу затворениците во американските затвори, изјави американскиот истражувач на творештвото на рускиот писател и доцент на Универзитетот во Вирџинија Ендрју Кауфман.
Тој истакна дека понекогаш со своите студенти ги посетува затворите за малолетни осуденици. На состаноците разговараат за творештвото на писателот. „Затоа што младите со кои работам имаат по дваесетина години и се наоѓаат во затвор. Сите извршиле злосторство. Некои извршиле убиства. Така што, Раскољников - тоа се тие“, изјави Кауфман.
Според истражувачот, затворениците во САД сфаќаат дека Раскољников не го извршил злосторството поради пари, туку затоа што на тој начин сакал да ја почувствува својата моќ на овој свет. Како пример го наведе случајот на еден затвореник кој извршил вооружен грабеж.
Кауфман додаде дека Достоевски денес е особено разбирлив за американските читатели и дека неговиот вредносен систем наидува на одек кај нив. „Во САД постои општество кое долго време почива на вредностите на успехот и материјализмот - да се поседува нешто значајно, да се биде значаен. И мислам дека кога луѓето го читаат Достоевски, тоа им дава поинаков систем на вредности кој е многу различен од владејачкиот систем овде, во САД. Кај луѓето тоа наидува на одговор. Овој систем покажува дека постои друг начин да се помине животот. Тоа е промена на вредностите“, објасни тој.
Претходно, почесниот професор на Факултетот за словенски јазици и книжевности на Универзитетот Јужна Калифорнија Маркус Левит изјави каков став имаат луѓето во САД кон делата на Достоевски. Според него, неговите книги не се премногу депресивни за нив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче