Едната страна на оваа куќа, изградена од Александар Мотков според архитектонскиот проект на Рустам Керимов, е направена така што совршено се вклопува во шумата, додека од другата страна има прекрасен двор со градина.
Куќата нема зашилен покрив вообичаен за руските дрвени куќи. Наместо тоа, има функционален рамен покрив со скали по кои можете да се качите. Елегантно и модерно.
Кон патот оваа куќа има затворена фасада, додека од другата страна има огромни стаклени прозорци кои создаваат впечаток на отвореност кон шумата.
Архитектонското биро А61 кое ја изгради оваа куќа користеше дрво од бреза и ела за да добие разновиден визуелен ефект, додека внатрешноста е асиметрична, но многу функционална.
Оваа куќа во близина на Санкт Петербург е изградена од архитектонското биро CHVOYA (на руски „хвоја“ значи четина).
Се наоѓа на падина на рид и има скали што водат до езеро. Веројатно не сте замислувале таква руска парна бања.
Архитектите си поиграле со природнотоп осветлување и менувањето на светлите и темните дрвени површини.
Оваа куќа во Московската област изгледа исто како што порано изгледал амбарот во руските села.
Архитектите ги искористија дрвените штици стари сто години за украсување на фасадата, давајќи му на тој начин на објектот автентичен изглед.
Дизајнот на куќата се вклопува во нејзиното природно опкружување.
Оваа необична конструкција во пејзажниот парк Никола-Ленивец во Калушката област изгледа како еден вид куќичка за птици, сместена среде шума.
Изградена е и проектирана од Алексеј Лука и претставува жив уметнички објект кој секој може да го изнајми. Надворешниот дизајн намерно изгледа неуредно и комбинира различни текстури кои се повторуваат и во ентериерот.
Меѓутоа, внатрешноста изгледа како модерно „глампинг“ место.
Кој не сонувал да направи куќичка на дрво? Група архитекти - Наталија Амирова, Дмитриј Целишчев, Елена Макарова и Ирина Мамај - ги остварија своите соништа од детството.
Оваа куќа, која се наоѓа на територијата на глампингот „Зеленаја тропа“ (Зелена патека) во Тулската област, изградена е на столбови и не ги оштетува дрвјата. Освен тоа, лесно може да се премести на друго место. Внатрешноста е неверојатно удобна и е целосно изработена од дрво.
Овој хотел се вика „Точка на мапата“ и се наоѓа на брегот на езерото Ладога во градот Приозерск во Ленинградската област. Архитектонското биро Rhizome ја проектираше куќата како одраз на природното опкружување.
Хотелот е изграден со помош на технологии кои не ја оштетуваат природата и готовите модули беа внимателно вградени без употреба на тешка механизација што би ја нарушила боровата шума.
Архитектонското биро DomBro верува дека е криминал да се покриваат живописните предели со sидови. Затоа нивната цел е да проектираат куќи кои претставуваат симбиоза помеѓу човекот и природата.
Нивните објекти се поврзани со панорамски прозорци и носечки конструкции од дрвени рамки.
Оваа ситна куќа од 27 квадрати во мал простор располага со дневна соба, кујна, галерија и дополнителен простор за спиење, бања и сауна.
Ова е уште еден проект на архитектот Рустам Керимов и градителот Александар Мотков.
Игор Апарин од NOYD SollabBuro создаде неверојатно мал информативен центар во Москва за Музејот на историјата на ГУЛАГ. Овој дрвен објект се наоѓа на територијата на огромно место за егзекуција што го користела советската полиција во 1930-тите. Овој современо дизајниран информативен центар се наоѓа на местото каде што се вршеле сталински чистки и политички репресии.
Надворешните делови се обоени во сиво, што создава драматичен ефект. Истовремено големите прозорци обезбедуваат многу светлина и му нудат можност на гледачот да го набљудува местото на кое се извршени страшни егзекуции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче