Филм, снимен со поддршка од Русија, стана фински кандидат за наградата „Оскар“

Juho Kuosmanen / Hytti nro 6 (2021)
Остварувањето „Купе број 6“, финско-руско-естонско-германска копродукција и лауреат на Гран-прито на Канскоиот фестивал, кандидиран е за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Финска за свој кандидат за наградата „Оскар“ на Американската академија за филмска уметност и наука во категоријата „најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ го избра филмот на режисерот Јухо Коусманен „Купе број 6“, настанат со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација, соопшти финското здружение на филмската индустрија „Филмикамари“ (Filmikamari).

Дејствието во филмот се одвива кон крајот на деведесеттите години на минатиот век и го следи патувањето со Транссибирската железница на двајца млади луѓе – финска студентка и руски рудар – од Москва во Мурманск. Главните улоги во филмот ги играат Сејди Харла, Јуриј Борисов, Динара Друкарова и Јулија Ауг. Ова остварување го продуцираа од руска страна Наталија Дродзд и Сергеј Селјанов. Покрај Финска, во копродукцијата се вклучени и Естонија и Германија.

Филмот „Купе број 6“ беше награден летово со Гран-при на Фестивалот во Кан. Доделувањето на наградите „Оскар“ ќе се одржи на 27 март 2022 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња