Автор на ова монументално дело (6,5 x 4,5 метри) на ѕидот на Културниот центар „Чукарица“ е познатиот српски уметник Милан Милосављевиќ Дерокс.
Отворањето беше дел од програмата „Денови на духовната култура на Русија во Србија“, а меѓу присутните беа заменик-министерот за култура на Руската Федерација Олга Јарилова, амбасадорот на Руската Федерација во Република Србија Александар Боцан-Харченко, министерот во Владата на Србија и копретседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ, генералниот директор на компанијата ,,ЛУКОИЛ Србија“ АД Белград Денис Рјупин, претседателот на Градската општина Чукарица Срѓан Колариќ, директорот на Руски дом Евгениј Баранов и други функционери и жители на српскиот главен град.
„Денешното отворање на муралот на одличен начин спојува два значајни историски датуми. Фјодор Достојевски силно го поддржуваше ослободителното движење на балканските народи“, истакна во своето обраќање Олга Јарилова, искажувајќи благодарност до Белград за знакот на внимание што е укажан на творештвото на големиот руски писател.
Муралот е отворен на иницијатива на Градската општина Чукарица и Рускиот дом, и со поддршка на компанијата „ЛУКОИЛ Србија“ АД Белград.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче