Темата вселена во СССР беше буквално сеприсутна, на слики, мозаици на згради и во метрото, на поштенските марки. На уметниците им беа инспирација ликот на Јуриј Гагарин, космонаутите во скафандери, ѕвезденото небо и секако футуристичките ракети. Ви претставуваме неколку такви космички дела.
Успешниот лет и враќањето на Земјата на познатите Белка и Стрелка предизвика вистинска манија. Вселенските кучиња се здобија со огромна популарност, а нивните фотографии можеа да се најдат на секој чекор, од новогодишни честитки до кутии за кибрит.
Космонаутот Алексеј Леонов е познат првенствено како првиот човек кој зачекори во отворената вселена. Меѓутоа, тој беше и сликар кој во еден циклус слики го долови својот лет.
Монументалното платно, долго пет метри, долго време се наоѓаше во Полска и не беше јавно изложувано. Неодамна беше реставрирано и вратено во Русија.
Тројцата уметници повеќе пати изложуваа дела со автори на советски пропагандни постери. Тие ги прикажаа достигнувањата на космонаутиката на експлицитно формално платно што имаше амбиција кај граѓаните да буди чувство на гордост кон татковината.
Мајсторот на графиката Анатолиј Плахов, исклучително заинтересиран за космизмот, е автор на неколку дела во кои на необичен начин ги комбинира космичките претстави со митски објекти и соѕвездија.
Сликата на Ерик Булатов потсетува на пропагандните плакати на СССР. Меѓутоа, уметникот твореше во стилот на соц-артот, и со прикажување на хипертрофирани советски симболи всушност ја исмеваше „ненормалноста на животот која во свеста на луѓето е перципирана како нормална“.
Ростов, градот на југот на Русија, е познат по своите „подземни“ мозаици. Во премините има вистински ремек-дела кои имаат државен статус на добра од исклучително културно значење. Еден премин е целосно посветен на вселенски теми.
И за уметниците кои не припаѓаа на официјалната уметност, како што е Петар Беленок, врските на човекот и вселената беа тема и инспирација. Прикажувајќи астрономски објекти, тој ја изразува својата идеја за уредувањето на вселената.
Шпекулациите и легендите за вселенските објекти и поврзаноста на човекот со вонземски цивилизации станаа модерна тема. Вака авангардистот Николај Вехтомов ги виде НЛО, најпопуларниот мит во советскиот свет.
Работното секојдневие на космонаутите на станицата „Мир“ го долови Михаил Борисов, сакајќи да каже дека иако тие се вистински херои и важни научници, во исто време се и обични луѓе кои ја вршат својата работа.
Комар и Меламид, припадници на ироничниот правец соц-арт со кој ја исмејуваа официјалната соцреалистичка уметност, ги преточија своите размислувања за советската реалност во специфична форма на постери. Советскиот човек во таа подадена рака лесно ја препознава алузијата за советскиот водач Ленин или на Сталин, кои ја изведоа земјата „на патот на светлината“.
Андреј Плотнов го наслика еден од најпознатите портрети на Јуриј Гагарин. Патем, тој лично го познаваше првиот човек во вселената, што дополнително ѝ даваше на важност на неговата работа.
Самоукиот осетински уметник Бедоев го прикажа на својот диптих одразот во огледало на вселената и земјата.
А сликар Шуршин мечтае за освојувањето на вселенскиот простор и населување на други планети. Работата ја потпиша со цитат на рускиот пионер во областа на истражувањето на вселената Константин Циолковски „Човештвото нема вечно да остане на Земјата“.
Советскиот сликар Пјасковски одлучи да им оддаде заслужено признание на вработените во сферата на вселенската индустрија на Земјата кои неоправдано останаа запоставени. Иако не се толку славни како космонаутите, нивниот придонес е неспорен.
Сликата го прикажува моментот пред полетувањето на Гагарин и неговото ракување со Королев, вистинскиот гениј и легенда, човекот, благодарение на кој летовите во вселената станаа реалност.
Уметниците продолжуваат да размислуваат за космосот и денес. Познатото дуо на современа уметност, Виноградов и Дубосарски, во нивнуиот поп-арт искористија фотографија на Јуриј Гагарин на која првиот човек во вселената пие коктел во новогодишна програма во склоп на познатото музичко-забавна емисија што со години се емитуваше на телевизијата „Шаболовка“. Иако космонаутот-херој Гагарин и понатаму е само обичен човек.
Членовите на уметничката група „Doping-Pong“ се занимаваат со сликарство и дигитална графика во манирот на ретро футуризмот. Нивните дела се спој на модерноста и естетиката на СССР со неизбежните пионери, спортисти и, се разбира, космонаутите.
Еден од најважните актери на руската современа ликовна сцена Павел Пеперштајн ја претстави својата визија на 2333 година и центарот за проучување на вселенскиот звук.
Повеќето од споменатите слики може да се видат на поставката „Вселената во уметноста“во центарот РОСИЗО на изложбата која ќе биде отворена до 26 септември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче