Руската регистарска табличка се состои од неколку делови. На прво место е регистарската ознака која содржи единствена комбинација на цифри и букви. Распоредот е секогаш ваков: буква - три цифри - и уште две букви.
Интересно е што на табличките се користат само 12 букви од руската азбука и тоа се само оние букви што постојат и во латиницата за странците не се збунуваат доколку ја преминувате границата со возило регистрирано во Русија или во случај со автомобил од друга држава се случи сообраќајна незгода во Русија. Со други зборови, не се користат кирилични букви како што се „Щ“ или „Ы“.
По регистарската ознака следува квадрат одделен со линија. Во него е прикажано руското знаме и називот на земјата RUS, како и регионалниот код (двоцифрен или трицифрен код на федералниот субјект).
Неодамна руските власти одобрија употреба на пократки таблички кои се поблиску до формата на квадрат за автомобили и сообраќајни средства како мотоцикли, каде што нема место за вообичаените руски таблички. Еве како се распоредени елементите на таквите таблички.
Тоа всушност одговара на кодот што е доделен на секој руски регион. И тогаш како би го дешифрирале овој код? Многу едноставно... Всушност, само се чини дека е едноставно.
Според уставот на Руската Федерација, сите 85 руски региони се наредени на одреден начин, така што секој има свој број кој истовремено е и автомобилски код.
Од 1 до 21 број се републиките на РФ и тие одат по азбучен ред, од Адигеја до Чувашката Република. Значи, означени се со броевите од 01 до 21. Крим е 22-ра република, но го има бројот 82 затоа што дополнително е додаден на списокот.
Од 22 до 27 број се субјектите на федерацијата кои во својот назив го имаат зборот „крај“, од Алтајскиот крај до Хабаровскиот крај. Тие исто така се подредени по азбучен ред.
Покрај овие, постојат уште три краја (Камчатски, Пермски и Забајкалски), но тие се наоѓаат подолу на списокот (некаде во средината), бидејќи подоцна се формирани како субјекти на РФ. На пример, Забајкалскиот крај го носи бројот 75, бидејќи се појави дури во 2008 година по референдумот со кој се обединети поранешната Читинска област и Агинско-Бурјатскиот автономен округ.
Од бројот 28 почнуваат регионите кои на руски се нарекуваат „области“, почнувајќи од Амурската област (28) па сé до Јарославската (76), т.е. вкупно 46 области. Интересно е што дури после нив доаѓаат Москва (77) и Санкт Петербург (78) бидејќи тоа се засебни административни субјекти. И бидејќи тоа се огромни градови со милиони регистрирани автомобили, тие имаат по неколку регионални кодови. Основниот код за Москва е 77, но Москва ги има и броевите 97, 99, 177, 197, 199, 777, 797 и 799. Санкт Петербург, покрај основниот код, ги има и броевите 98, 178 и 198. Уште неколку други региони, исто така, имаат повеќе од еден код, но тие обично се комбинации поврзани со основниот број, како што е Ростовската област: 61, 161 и 761.
По Москва и Санкт Петербург, следуваат Еврејската автономна област (79) и четири автономни окрузи (83-89). На крајот на списокот со број 92 е Севастопол, кој исто така е град од федерално значење. Бајконур, на чија територија се наоѓа рускиот космодром, административно се третира како руски град и го има кодот 94.
Секако дека не ги знаат! Веројатно има луѓе кои се толку загрижени за светот на автомобилите што ги знаат сите овие броеви напамет, но ние никогаш не сме сретнале таква личност! Додуша, според бројот можете да претпоставите за кој регион станува збор ако тој се граничи со областа чиј број ви е познат.
Впрочем, постојат специјални апликации кои за една секунда го идентификуваат регионот по неговиот број. Додека се на пат, Русите често се забавуваат проверувајќи го своето знаење за наведениот регион.
Постојат самопрогласени држави кои се делумно признати, но имаат сопствен систем за регистрација. Нивните ознаки личат на руските. Не припаѓаат на Русија, но Русија ги признала.
Ако некогаш на патот видите вакви регистарски таблички, тоа значи дека станува збор за возило на Донецката народна република (DPR), додека „LPR“ и знамето означуваат Луганска народна република.
Делумно признаената Абхазија исто така има своја регистарска табличка со кодот „ABH“ и знаме.
Следува комплетниот список на руските регионални кодови:
01 Република Адигеја
02, 102, 702 Република Башкортостан
03 Република Бурјатија
04 Република Алтај
05 Република Дагестан
06 Република Ингушетија
07 Кабардино-Балкарска Република
08 Република Калмикија
09 Карачаево-Черкеска Република
10 Република Карелија
11 Република Коми
12 Република Мариј Ел
13, 113 Република Мордовија
14 Република Саха (Јакутија)
15 Република Северна Осетија–Аланија
16, 116, 716 Република Татарстан
17 Република Тува
18 Удмуртска Република
19 Република Хакасија
(20), 95 Чеченска Република
21, 121 Чувашка Република
22, 122 Алтајски крај
23, 93, 123, 193 Краснодарски крај
24, 84, 88, 124 Краснојарски крај
25, 125 Приморски крај
26, 126 Ставрополски крај
27 Хабаровски крај
28 Амурска област
29 Архангелска област
30 Астрахањска област
31 Белгородска област
32 Брјанска област
33 Владимирска област
34, 134 Волгоградска област
35 Вологдска област
36, 136 Воронешка област
37 Ивановска област
38, 85, 138 Иркутска област
39, 91 Калининградска област
40 Калушка област
41, 82 Камчатски крај
42, 142 Кемеровска област
43 Кировска област
44 Костромска област
45 Курганска област
46 Курска област
47, 147 Ленинградска област
48 Липецка област
49 Магаданска област
50, 90, 150, 190, 750, 790 Московска област
51 Мурманска област
52, 152 Нижегородска област
53 Новгородска област
54, 154 Новосибирска област
55 Омска област
56, 156 Оренбуршка област
57 Орловска област
58 Пензенска област
59, 81, 159 Пермски крај
60 Псковска област
61, 161, 761 Ростовска област
62 Рјазањска област
63, 163, 763 Самарска област
64, 164 Саратовска област
65 Сахалинска област
66, 96, 196 Свердловска област
67 Смоленска област
68 Тамбовска област
69 Тверска област
70 Томска област
71 Тулска област
72 Тјумењска област
73, 173 Улјановска област
74, 174, 774 Челјабинска област
75, 80 Забајкалски крај
76 Јарославска област
77, 97, 99, 177, 197, 199, 777, 797, 799 Москва
78, 98, 178, 198 Санкт Петербург
79 Еврејска автономна област
83 Ненецки автономен округ
86, 186 Ханти-Мансијски автономен округ
87 Чукотски автономен округ
89 Јамало-Ненецки автономен округ
92 Севастопол
94 Бајконур
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче