„Она што го доживеав со екипата во текот на последните четири дена, искачувајќи се на превојот на Дјатлов, притоа не залудно или само со опрема, имајќи во приколката скулптура висока четири метри, алат, цемент, метална рамка, основа, пиедестал и неколку кутии со размонтирани елементи на скулптурата во чест на загинатата група – искрено кажано, тоа и беше мојата мисија“, напиша авторот на скулптурата Григориј Малеников (Gregory Emvy) на својот профил на „Инстаграм“.
Споменикот е во вид на камен врв, со неколку планинари, од кои едниот се искачува на планина, другите двајца минуваат низ неа, а третиот се спушта од врвот со јажиња.
Пред повеќе од 60 години, на превој завеан со снег животот го загуби туристичка група во која имаше деветмина млади луѓе, а деталите за овој трагичен настан до ден-денес не се расветлени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче