На Урал се појави „шумски Бенкси” кој ги спасува дрвјата

Жителите на Екатеринбург почнаа да забележуваат своевидни графити на дрвјата. Тие се направени од непознат уметник на голите делови на стеблата, штитејќи го на тој начин дрвото од процесот на гниење. За творештвото на „шумскиот Бенкси“ на Урал пишува „Комсомолскаја правда“.

На своите слики уметникот остава само линк до неговиот профил на „Инстаграм“, сакајќи да ја зачува анонимноста. Во разговор со весникот „уралскиот Бенкси“ објасни како работи со дрвјата. Според него, за вакви слики му требаат од неколку часа до два дена.

„Она што го работам не е само боење на дрвото. Најпрвин внимателно ја подготвувам смрзнатината, ги отстранувам гнилите делови, мазнам, нанесувам антисептик, подлога, а потоа заштитен слој боја. И дури потоа почнувам да сликам“, истакнува уметникот.

Во Екатеринбург има вкупно шест завршени дела на „шумскиот Бенкси“. На нив се претставени шумски и морски пејзажи. Уште четири слики се во процес на изработка. Не се знае точно каде се наоѓаат. Уметникот слика на дрвја и за викенди и во вработни денови. Во интервју за „Комсомолскаја правда” тој признава дека сликањето е негово хоби. Главната дејност на самоукиот уметникот е стоматологијата.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња