Во Скопје одбележана 80-годишнината од нападот на нацистичка Германија врз СССР

Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија
Денеска, 22 јуни 2021, на улицата „9 Мај“ во Скопје беше положено цвеќе на спомен-обележјето на хероите-борци на антихитлеровската коалиција во Втората светска војна.

На Денот на на сеќавањето и жалоста – 80-годишнината од почетокот на Големата Татковинска војна 1941-1945 година со која се одбележува нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз во Втората светска војна, денеска се одржа церемонија на положување цвеќе.

Церемонијата се одржа на улицата „9 Мај“ пред спомен-обележјето на хероите-борци на антихитлеровската коалиција во Втората светска војна кое беше подигнато минатата година по повод Денот на Победата. 

Во настанот зедоа учество делегацијата на амбасадата на Руската Федерација во Скопје, предводена од Привремениот вршител на работите на РФ Александр Космодемjански, претставници на дипломатски мисии акредитирани во Скопје, на скопските општини Центар и Кисела Вода, Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, Меѓународниот славјански универзитет, вработени во ЛУКОИЛ Македонија, Рускиот Центар во Скопје, руски сонародници итн.

По положувањето цвеќе, сите присутни со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во војната.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња