Рускиот центар при УКИМ во соработка со образовниот центар за класична сликарска уметност Da Vinchi организираше отворена работилница по руско народно творештво Гжељ.
Гжељ е руска народна применета уметност, вид на руско народно сликарство кое се огледа преку бело-сината керамика.
Работилницата ја водеше професорот на Уметничката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип), наставник во центарот Da Vinchi (Скопје) Викторија Егорова.
Учесниците се запознаа со оваа уникатна руска народна применета уметност, дознаа за нејзината историја и за географија, како и за особеностите на производството.
Но, најважно е што сите учесници во работилницата добија можност да ја покажат својата креативна фантазија и да создадат свои сопствени уникатни дела во овој неповторлив стил.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче