Младиот Данила Багров, кого го игра Сергеј Бодров Помладиот, се враќа од војната во Чеченија во неговиот роден град во внатрешноста, но мајка му го убедува да оди во Санкт Петербург да си го види братот. Таа живее во верување дека нејзиниот постар син е „голем човек“. Братот на Данила, всушност, работи како убиец и има големи проблеми. Во една прилика тој ќе го замоли Данила да му помогне во некој случај и така ќе го вовлече во војната на криминалните банди. Дејствието на филмот „Брат 2“ се одвива во Америка, каде Данила доаѓа да го одмазди својот воен другар.
Без оглед на прилично тривијалната содржина, ова е една од најзначајните франшизи на постсоветската кинематографија. Приказната за сè уште „мрсулавото“ момче вовлечено во суровиот свет на деведесеттите на режисерот Алексеј Балабанов има неспорен култен статус во Русија. Мноштвото прецизни детали, непогрешливите знаци на времето, сето тоа формира визуелна енциклопедија на едно време, од продавниците што на ист куп продаваат гуми за џвакање и ЦД-а, до криминалците и девојчињата во кратки кожни јакни со патенти на рејв журките.
Актерот Данила Козловски, познат на странската публика по хитот „Викинзи“ на каналот History, сними како режисер блокбастер на тема една од најмрачните страници во советската историја - експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил.
Главниот лик, пожарникарот Алексеј, работи во секторот за надзор на нуклеарната централа во Чернобил и решава да се пресели во Киев за да не си го потроши животот во далечното место. Меѓутоа, наместо споменатиот план, тој најпрво во фризерски салон случајно ја сретнува својата поранешна љубов Олга, а потоа доаѓа до експлозија во енергетскиот блок. Алексеј мора да заборави на преселбата и да оди во епицентарот на настаните за да спречи ширење на радијацијата во Европа.
Темата, која со голема помпа во 2019 година ја пласираше каналот Ејч-би-оу во руската кинематографија сè уште речиси и да не е отворена. А „Чернобил 1986“ тешко и да се обидува да го стори тоа. Творците на филмот се трудеа филмот да не се доживува како уште еден обид за истражување на менталитетот на советската управувачка структура и пронаоѓање на виновниците. Повеќе се работи за внимателно направен високобуџетен филм-катастрофа, кој се фокусира на личната драма на првиот ликвидатор (го игра Козловски) на фонот на добро познатите трагични настани.
Филмот не беше во дистрибуција, туку веднаш се појави на стриминг-сервисите. И покрај тоа, се стекна со статус на хит кај американската критика со рејтинг од 89% позитивни рецензии на сајтот Rotten Tomatoes.
Дејствието се случува во 1983 година. На двајца советски космонаути кои штотуку се враќаат на Земјата, некој одненадеж ќе им тропне на прозорецот. После тоа едниот слетува мртов, а другиот пристигнува во базата во степата оградена со бодликава жица. Иако тој не знае дека има вонземјанин во него, неговото опкружување го сфаќа тоа.
Се разбира, војската паѓа во искушение да го искористи суштеството од вселената како оружје, но за почеток, треба да се пронајде начин на комуникација...
Режисерот очигледно пронашол инспирација во филмовите на Ридли Скот „Осмиот патник“ и „Суштество“ на Џон Карпентер, но „Спутник“ сепак се издвојува меѓу бројните варијации на таа тема. Во најмала рака, стилски е интересен. Тоа не е едноставно ретро хорор, туку „уметнички тоталитарен ноар“ во кој визуелните решенија не играат ништо помала улога од пресвртот во сценариото.
Во дваесеттиот век петербуршките „Крстови“ беа најпознатиот политички затвор во кој беа доведувани сите беа обвинети за контрареволуционерна активност. Тука робијаа политичарот Лав Троцки, уметникот Казимир Малевич, писателите Јосиф Бродски и Даниил Хармс. Најстариот затвор во Русија е стар 130 години, а документарецот за него го сними дебитантата Ангела Голикова.
Филмот не е посветен на најпознатите затвореници, туку се занимава со она што денес се случува таму. Решетки, шпионки, ходници во вид на крстови, обезбедување со овчарски песови, млади затвореници. Атмосферата на филмот е депресивна и застрашувачка. Камерата ги следи оние кои ја издржуваат казната исто толку внимателно, како и оние што внимаваат на нив.
Посебно место во „Крстови“ им припаѓа на разговорите со вработените и неочекуваните работи што по тој повод ги презентираа тие.
Комичниот мјузикл беше најгледаниот филм во Русија 2015 година, истовремено револтирајќи и воодушевувајќи ги критичарите.
Провинцискиот сообраќаен полицаец Петја Васјутин, кога го игра Дмитриј Нагиев (по Путин најпосакуваниот човек според анкетите на јавното мислење), планира да се жени, но случајно запознава голема руска ѕвезда и почнува да се пијанчи со неа. И додека невестата пати, Петја ќе бара излез од деликатната ситуација.
Комедијата, во голема мера инспирирана од „Мулен Руж“ на Баз Лурман, е исполнета со омилената постапка на режисерот Жора Крижовников да преувеличува сè до точка на невозможна вулгарност. На филмот така треба и да се гледа, како на вечерна комедија.
Еден од најскапите и најинтригантни руски филмски проекти на 2021 година. Базиран е на истоимениот руски (вистинска реткост) стрипови на издавачката куќа Bubble.
Приказна за мрачниот полициски мајор од Санкт Петербург Игор Гром, кој веќе им здодеал на своите претпоставени со неговите нетипични методи на истрага.
Сепак, само нему му поаѓа од рака да ги испофаќа криминалците. Кога во градот ќе се појави супернегативец со маска на лекар против чума и пламенофрлач во ракавот, единствениот што може да му се спротивстави е Гром.
Класичната суперхеројска акција претставува и интересен стрип универзум, дури и малку како нолановиот Готам Сити. Тука се појавува исклучително дигитализираното готамско казино „Златниот змеј“ каде што се собира целиот корумпиран естаблишмент, седиштето на полицијата се наоѓа во дворец, а Гром, како Бетмен, повеќе сака покриви.
Комедијата на Алексеј Нужни заработи трипати повеќе пари во првите четири дена од прикажувањето отколку што беше вложено во продукцијата. Дејството на филмот е фокусирано на девојката Ана од Нижни Новгород која момчето ја остава затоа што таа „се здебелила и повеќе не му се допаѓа“, и нејзините обиди на сите начини да се справи со срамот што ѝ го наметнува околината поради дебелината.
„Слабеам“ потсетува на најдобрите комедии на Џад Апатоуј („Четириесетгодишна девица“, „Напумпана“), истовремено останувајќи оригинално остварување и остра критика на култот на убавина на руски терен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче