Во сликата на Кустодиев со алегорија доминира огромната фигура на болшевик, владетелот на новиот свет кој, носејќи развеано црвено знаме, ги предводи масите во комунистичката иднина. Сликата беше по вкус на советската власт и подоцна влезе во составот на збирката на Новата Третјаковска галерија.
Делата на Петров-Водкин потсетуваат на иконопис, како композициски, така и по бојата и симболите. Тој стана вистински иконописец на новиот комунистички поредок, а една од парадигматските „икони“, сликата „1918-та во Петроград“, е позната и како „Петроградска Мадона“. Во позадина може да се види револуционерниот хаос што го зафатил градот, пропагандни летоци, митинзи, искршени прозорци. Доловената на фонот на нередот смирена жена со бела марама на главата и дете во рацете се симболите на новиот живот и новата Русија.
Подоцна стилот на Александар Дејнека повеќе ќе се наклонува кон соцреализмот, меѓутоа, тоа не може да се каже за композицијата со силуети создадена на десетгодишнината од Револуцијата. Во преден план (долу) борците одат во Граѓанската војна, додека во позадина, движејќи се во спротивна насока, завиткани во шинели, ранетите се враќаат дома.
Водачот на револуцијата Ленин беше неприкосновеното главно божество и идол на целата земја на Советите. На визиите на Ленинивиот лик сликарите работеа грижливо, честопати митологизирајќи ја неговата биографија. Така, тој е претставен како во колиба чека да влезе во револуционерниот Петроград, на трибина, оклопно возило или како лично учествува во суботники (општествено корисна работа). Еден од неговите најпознати портрети од советска ера е оној од трибината на која тој практично лебди над знамето.
Советските раководители веќе во првите години по доаѓањето на власт го ставаа акцентот на зајакнување на здравјето на граѓаните со цел плодотворна работа. Така пропагирањето спорт и занимавањето со физичка култура станаа една од главните задачи и за уметниците. Александар Самохвалов направи неколку слики по нарачка за радостите на советскиот спорт.
Сликата е еден од симболите на социјалистичкиот реализам, официјалната советска уметност. Широки улици, автомобили, трансформиран град, преплавен со светлина, жени зад волан, еднаквост во СССР.
Огромен сегмент на советската уметност е посветен на хероизмот на советските војници во Втората светска војна. Една од најпознатите такви слики, вистинската химна на храброста е платното на Дејнека „Одбраната на Севастопол“.
Во своето творештво Сергеј Герасимов ги опеа селото, колхозите и селаните. И на неговото најпознато платно „Мајка на партизан“ е претставена обична жена од село, која без трошка страв го гледа непријателот право во очи.
Сликата беше толку популарна на времето што беше купена од Третјаковската галерија. Покрај тоа, беше печатена во учебници, на постери и поштенски марки.
Уште едно дело со радосни луѓе во времето на топењето на Хрушчов. Девојчето, како што треба да прави секој пионер, прави утринска гимнастика. Таа не само што ги зајакнува „духот и телото“, туку правилно го започнува новиот ден, оди напред, во светла иднина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче