Што е тоа советски „суботник“ (ФОТОГРАФИИ)

„Внимание, птичка!“ Студенти и професори на Московскиот универзитет на суботњик, 1975.

„Внимание, птичка!“ Студенти и професори на Московскиот универзитет на суботњик, 1975.

Сергеј Сухарев/Архив на Павел Сухарев
Зошто граѓаните на СССР за викенд излегуваа надвор со лопати и грибла?

Денес со чистење снег, отпадоци и минатогодишно лисје, садење дрвја и цвеќе се занимаваат градските власти и еко-активистите. А во Советскиот Сојуз, секоја пролет, практично целото население беше обврзано да учествува во неплатена работа со цел по зимата да се оплемени територијата околу зградата, училиштето или факултетот. Оваа акција се викаше „суботник“ затоа што најчесто се изведуваше во сабота, која официјално беше неработен ден.

На почетокот оваа активност беше доброволна. Луѓето беа исполнети со ентузијазам и желба да се потрудат за општо добро. Оние што не сакаа да излезат можеа да бидат критикувани поради мрзливост. Со текот на времето суботниците станаа принудна активност. Учениците честопати ги изведуваа по часовите да го чистат кругот околу училиштето.

Првите суботници се појавија веднаш по формирањето на новата советска држава и интензивно се пропагираа. Од 1 април до 1 мај 1920 година беше организиран таканаречениот „Црвен месец на трудот“.

Суботници се организираат и денес, но веќе не се толку масовни и се изведуваат исклучиво на доброволна основа.

Плакат „Сите на суботник“

Плакат „Пионери и ученици! Помагајте во садењето нови паркови во градовите и селата. „Момци, по мене!“, 1955.

Николај Сисоев. Владимир Ленин на суботник во Кремљ. Репродукција

Суботник на пруга, Петроград, 1919.

Суботник на подготовка на тресет, 1920.

Заедничка фотографија на суботник, 1932.

Суботник на трагачи по злато на Урал, 1935.

Војници на суботник во текот на 1950-тите

Озеленување на станбена населба на суботник 1958.

Деца на суботник, 1959.

Жени вработени во деалекоисточниот Сихоте-Алињски резерват на суботник во текот на 1960-тите

Суботник во градот Чита во текот на 1960-тите

Градежници на суботник во Москва во текот на 1960-тите

Пролет во Москва. Суботник 1963.

Суботник во Москва. Ученици и учители садат садници во паркче, 1964.

Суботник пред споменикот „На хероите на Сталинградската битка“, 1969.

Сесојузен комунистички суботник, 1970.

Работнички на хотелот „Москва“ на Сесојузниот комунистички суботник пред Кремљ, 1970.

Работници на агломерационата фабрика на Волгоградската област на суботник, 1971.

Суботник во кругот на воената болница во Москва, 1971.

Пролет. Ученици садат млади дрвца, 1972.

Студенти во Москва на 50 комунистички суботник, 1969.

„Каде е моето големо грибло?“, 1975.

Жители на советски Таџикистан на Лениновиот комунистички суботник, 1978.

Инженери на суботник, 1981.

Студенти на Московскиот државен универзитет садат садници пред студентски дом, 1984.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња