Настанот е дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески оваа тркалезна маса претставува уште еден начин да се осветли личноста и делото на големиот лингвист и поет, овојпат низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски.
Истовремено, во оваа исклучителна година на големиот јубилеј врзан со Конески, и Рускиот центар одбележува еден свој мал јубилеј – 5 години од отпочнувањето на работата.
Со свои пригодни обраќања на тркалезната маса се обратија проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, н.е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Р. С.Македонија и проф. д-р Андреј Александрович Липгарт, декан на филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“.
За руските мотиви и влијанието на руските поети во творештвото на Конески зборуваше акад. Ала Шешкен и проф. д-р Елена Верижникова од Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и проф. д-р Кристина Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За патувањата на Конески во Русија и за неговото значење и улога во развојот и афирмацијата на македонистичките студии во Москва се осврнааа проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Максим Каранфиловски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, додека проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура зборуваше за развивањето на културната соработка меѓу Македонија и Русија.
Македонистиката и славистиката на универзитетите во Русија се најде во фокусот на интересот во излагањата на проф. д-р Елена Иванова и проф. д-р Зоја Шанова од Филолошки факултет при Санктпетербуршкиот државен универзитет и на Ирина Аржанова од Воронешкиот унивеврзитет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче