Топ-листа на советски филмови: „Дијамантска рака“

Леонид Гайдай/Мосфиљм,1968
Едноставно кажано, овој филм можете да го гледате педесет пати и секогаш одново да им се смеете на познатите шеги.

Леонид Гајдај, советскиот крал на слепстик-комедијата, режираше некои од најпопуларните руски филмови како што се: „Иван Василевич ја менува професијата“, „Операција И и другите авантури на Шурик“, „Кавкаска пленица или Новите доживувања на Шурикˮ и „Дванаесет столчињаˮ. 

„Дијамантска ракаˮ е преполн со авантура, романса и хумор.

Тоа  е приказна за Семјон Горбунков, советски економист (кого го глуми Јуриј Никулин) кој првпат оди на крстарење надвор од Советскиот Сојуз. При запирањето во Истанбул Семјон згазнува кора од лубеница што лежи на тротоарот и паѓа извикувајќи: „Ѓавол да го земе!“. За несреќа, тоа е шифра за банда криминалци која треба тајно да префрли дијаманти во Москва. Тие мислат дека Семјон е нивниот курир и ги кријат дијамантите во гипсот што му го ставаат на рака додека кутриот Семјон е онесвестен. Остатокот од филмот е урнебесна авантура преполна со акција.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња