Во Битола одбележан Денот на руската дипломатија

Амбасада на РФ во РСМ
Денеска, 10 февруари, по повод Денот на руската дипломатија во Битола се одржа традиционална комеморативна церемонија со положување цвеќе на споменикот “Руски крст”.

Цвеќе на споменикот „Руски крст“ положија амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин и воено-воздухопловното аташе Александар Гугњаев.

Во церемонијата зедоа учество градоначалничката на Битола Наташа Петровска заедно со делегацијата на Советот на општината, почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, претставници на Рускиот почесен конзулат во Битола, компанијата „Лукоил“, Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, како и на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство во Македонија.

Споменикот „Руски крст“ е подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој го дал својот живот исполнувајќи ја својата службена должност и бранејќи го христијанското население на Македонија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња