Мачките од Ермитаж добиваат наследство од Франција

AFP
Директорот на музејот вели дека мачките сега имаат сопствени „покровители“.

Државјанин на Франција завештал дел од своето богатство на мачките кои живеат во музејот Ермитаж во Санкт Петербург, соопшти директорот на музејот Михаил Пиотровски на 1 декември на онлајн-средбата со посетителите. Еден од нив праша како мачките ја преживуваат корона кризата, кога музеите се затворени, и Пиотровски објасни дека со нив е сé во ред.  

„Ние секогаш се грижиме за мачките, како и нашите посетители и интернет-корисници“, рече тој. „Мачките имаат сопствени покровители. Неодамна еден човек од Франција им завешта на нашите мачки кала сума пари и сега сме во контакт со адвокатите“.

Според портпаролот на музејот Ермитаж, тие ние знаат зошто овој човек решил да им остави дел од парите на мачките ниту дали некогаш живеел во Санкт Петербург. Сé што знаат е дека се работи за обичен француски државјанин.

Музејот Ермитаж има мачки во своја служба од средината на 18 век. Тие и понатаму ги чуваат од глувци и стаорци галериите и подрумите на дворецот (кои во Ермитаж се долги 20 километри).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња