Руски филм номиниран за најдобар европски анимиран филм за 2020 година

Меѓународен филмски фестивал во Ротердам/YouTube

Рускиот анимиран филм „Нос или завера на неконформистот“ на 80-годишниот режисер Андреј Хржановски е номиниран за најдобар европски анимиран филм за 2020 година, се вели на веб-страницата Европската филмска академија.

Овој филм во траење од 89 минути е всушност адаптација на операта „Нос“ на Дмитриј Шостакович. Режисерот го доби одобрението на композиторот за создавање на оваа адаптација уште во 1960-тите години.

Во конкуренција за најдобар европски анимиран филм се уште три филма: „Calamity“, француско-данска копродукција во режија на Реми Шае, „Josep“, француско-шпанско-белгиска копродукција во режија на Орел и „Klaus“, шпански филм во режија на Серџо Паблос.

Победникот, кој ќе биде избран од 3800 членови на Европската филмска академија, ќе биде објавен на 12 декември во рамките на онлајн-церемонијата.

Вреди да се напомене дека филмот „Нос или завера на неконформистот“ веќе ја доби наградата на жирито на годинашниот Меѓународен фестивал на анимиран филм во Анси.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња