Музиката заснована на ритам е вообичаена за многу народи. Некои притоа ги користат дланките, други чинии, стапови или тапани. Словените направиле еден таков удирачки инструмент од обични дрвени лажици.
Не се знае кога точно Словените започнале да ги користат лажиците како музички инструмент, но првото споменување на свирење на лажици потекнува од 18 век. Луѓето на почетокот ги користеле истите лажици и за јадење, а по извесно време почнале да ги прават специјално за музицирање.
Во 19 век руските селани добиле нов музички инструмент: хармониката. Тогаш се појавиле и популарните руски фолклорни ансамбли. Излегло дека лажиците се мошне згодни за ваквите настапи. Во придружба на хармоника на нив можеле да се свират соло парчиња, а брзината и вештината на „лажичарите“ (уметник кој свири на лажици) била дополнителен елемент во сценскиот настап.
Во 1908 година едно руско музичко списание во Санкт Петербург го објавило првото научно истражување за лажиците во фолклорот. Во него биле наведени методите на свирење кои биле популарни во тоа време.
Музичките лажици традиционално се правеле од дрво и понекогаш се украсувале со ѕвончиња. Обично секој изведувач имал три лажици: две се наоѓале помеѓу прстите на едната рака, а третата се држела во другата рака и се удирало по нив. Тоа е „лизгачки“ удар по лажиците кој произведува интересен звук.
А, ова е посложено ниво: три лажици во едната рака, четврта во другата, а петата е закачена за нога! Понекогаш свирачот има неколку лажици со различни големини врзани за двете нозе или по должината на нозете, па и на лактот, што му дава различни можности.
До неодамна не постоеја никакви снимки или ноти според кои би се изведувала музика која се изведува на лажици, а лажичарите едноставно биле дел од руските фолклорни ансамбли.
Со свирењето на лажици се развива фина моторика, уво за музика и чувство за ритам, па на свирењето овој инструмент често ги учат децата во градинките и во училиштата. Се зборува дека дури и поранешниот претседател на Русија Борис Елцин бил мајстор во свирење на лажици.
Денес лажичарите свират во руските фолклорни ансамбли, но имаат и свои посебни групи. Тие користат лажици декорирани со традиционални руски орнаменти, а често тука се и посебните столови. Некои изведувачи користат метални и пластични лажици со различен облик.
Тие можат да свират не само фолклорна музика, ами и современи композиции.
Па, дури и нешто вакво!
Патем речено, Словените не произведувале музика само со помош на лажици, ами користеле и различни предмети од домаќинството, како што се тави, лонци и пили!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче