Американскиот уметник Датуна подготвен да го откупи од руската држава телото на Ленин

Reuters
Њујоршкиот претставник на современата уметност изјави дека на САД во овој момент им се попотребни препознатливи симболи на промените отколку на Руската Федерација.

Aмериканскиот уметник Давид Датуна изјави дека планира да изгради во Вашингтон реплика на рускиот мавзолеј од Црвениот плоштад и да го смести во тој објект телото на водачот на револуцијата од 1917 година. Тој изрази подготвеност да го откупи телото на Владимир Ленин од властите на Руската Федерација и за таа цел да набави импресивна парична сума.

Потребата од подигање таков уметнички објект во главниот град на САД го објасни со потребите во земјата, чии граѓани се умориле од политиката на агресивниот капитализам, а во општеството созреала потребата од движење во насока на социјални трансформации.

На почетокот предвидува сума од еден милион долари за телото на Ленин. Толку е подготвен да понуди во овој момент. Меѓутоа, доколку тоа не е доволно, њујоршкиот уметник најави дека ќе собере преку една милијарда долари.

„Америка се движи во правец на комунизмот и социјалистичките идеи. Во овој момент симболите во вид на мавзолејот и Ленин им се попотребни на САД отколку на Русија. Не е тешко да се изгради уште еден мавзолеј, а е невозможно да се замени Ленин, па затоа предлагам да го купам и подготвен сум за таа цел да ја соберам која било сума пари“, ги пренесува зборовите на Датуна неговата служба за односи со јавноста.

Дејвид Датуна, според податоците на „Бизнис Инсајдер“, е еден од најпродаваните и најскапи уметници во светот. Познатиот претставник на американската современа уметност и колекционер стана светски познат откако неговата слика со портрети на претседателот на Руската Федерација во оригинална уметничка интерпретација под називот „Севидечкиот В“ беше продадена по цена од 400 илјади евра.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња