42 часа импровизација: Петербуршки музичар постави светски рекорд во свирење клавир

Претходно овој музичар непрекинато свиреше клавир 37 часа.

Изминатиов викенд петербуршкиот пијанист Руслан Ишдавлетов го собори сопствениот рекорд. Тој свиреше на клавир импровизирајќи 42 часа без престан. И макар што првично си постави цел да не се помрдне од клавирот 50 часа, сепак успеа да музицира подолго од претходниот пат.

Претходниот рекорд на Руслан беше 37 часа. Својот нов грандиозен музички маратон пијанистот го започна на 4 септември во 10 часот наутро. Го одржа во дворот на Планетариумот бр. 1 на брегот на Обводниот канал. На времето кое му беше потребно за да го собори рекордот (37 часа) Руслан се приближи околу полноќта на 6 септември. А околу пет часа подоцна го заврши настапот.

Инаку, Руслан Ишдавлетов во пресрет на своето маратонско свирење ги откри за медиумите тајните на повеќечасовното музицирање.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња