Рускиот филм „Спутник“ го зазеде првото место на iTunes во категоријата хорор

Кадар од филмот „Спутник“

Кадар од филмот „Спутник“

Егор Абраменко/Филмска компанија «Водород»; Art Pictures Studio, 2020.
Рускиот трилер на Егор Абраменко „Спутник“ се најде на врвот на ранг-листата на iTunes во категоријата хорор, соопшти прес-службата на Art Pictures Studio.

„По прикажувањето во кината во Американ, рускиот филм „Спутник“ се најде на врвот на листата на американскиот сервис iTunes во категоријата хорор, како и на петтото место во сегментот „филм“. Првпат еден домашен филм успеа не само да влезе меѓу првите пет, туку и да се најде на чело на ранг-листата според изборот на американските корисници на сервисот“, се наведува во соопштението.

Дејствието на филмот се случува 1983 година во СССР. Советскиот космонаут-херој Владимир Вешнњаков донесува на Земјата вонземно битие во своето тело. Во тајна лабораторија на еден затворен град неврофизиологот Татјана Климова се обидува да го спаси космонаутот од чудовиштето. Главните улоги ги играат Петар Фјодоров и Оксана Акиншина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња