На 3 септември во Санкт Петербург полетаа 2198 квадрокоптери со светла. Тие формираа на небото различни фигури: од гулабот на мирот до Орденот на Победата.
Во пресрет на светлосното шоу дроновите на полето на малата спортска арена беа изнесени од петербуршки ученици.
Набљудувачите радосно ги споделуваа своите впечатоци на социјалните мрежи, а исто така објавуваа и снимки од овој импресивен настан.
Новиот светски рекорд во категоријата „најголем број беспилотни летала кои истовремено се наоѓаат во воздух“ со резултат од 2 илјади и 198 дронови го забележа и основачот и главен уредник на Книгата на рекорди на Русија Станислав Коненко. Инаку, претходниот светски рекорд го постави компанијата „Интелˮ во 2018 година, кога истовремено полетаа 2018 дронови.
Раководителот на шоуто со дронови од компанијата „Геоскан“ Семјон Лопко им соопшти на медиумите дека подготовката на овој проект траела две години.
Според идејата на организаторите, светлосното шоу го прикажа херојството на советските војници во Втората светска војна, а исто така потсети и на победата на милитаристичка Јапонија, што го означи крајот на Втората светска војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче