Ова го соопшти министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, пренесува „Интерфакс“.
Шојгу прецизираше дека храмот ќе биде отворен на Денот на сеќавањето и жалоста, а тоа е датумот кога почна Големата татковинска војна. Рускиот министер за одбрана додаде дека на 22 јуни ќе биде отворен и музејскиот комплекс „Патот на сеќавањето“.
За завршувањето на изградбата на главниот храм на Министерството за одбрана на РФ јавноста беше известена на 9 мај, на 75-годишнината од победата во Втората светска војна. Храмот и територијата околу него го симболизираат сеќавањето на победата над нацизмот. Пречникот на тамбурот на главната купола изнесува 19 метри и 45 сантиметри, што заедно ја симболизира 1945 година, кога војната заврши. Камбанаријата е висока 75 метри, затоа што храмот е подигнат 75 години по Победата. Малите куполи се високи 14 метри и 18 сантиметри, затоа што војната траеше 1418 дена. Поради истата причина и мултимедијалната галерија „Патот на сеќавањето“ на територијата на храмот е долга 1418 чекори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче