Во Русија „Мекдоналдс“ пишува со кирилица, а „Кока-кола“ честита „Св. Кирил и Методиј“ со глаголица

twitter.com/CocaCola_Russia
Популарните брендови во Русија по повод Денот на словенската писменост ги испишаа своите логотипи на глаголица!

„Каков јазик е тоа? Дали е навистина од нашата планета?

Се работи всушност за првото словенско писмо – глаголицата. Доколку во извесен момент не беше заменета од кирилицата, симболите на глаголицата денеска ќе се наоѓаа секаде околу нас“, читаме на фејсбук-страницата Coca-Cola в России.

По повод вчерашниот празник, Денот на словенската писменост, „Кока-кола“ реши на своите потрошувачи во Русија да им покаже како би изгледал логотипот на оваа компанија на глаголица. А доколку и вие би сакале да знаете како би изгледало вашето име на ова древно писмо, посетете го овој сајт: bit.ly/2TwGttu

На „Кока-кола“ потоа ѝ се придружија други популарни брендови во Русија, како што се МТС Русија, МегаФон, 9 Панда и тв-каналот „Пјатница”, па на „Твитер“ осамнаа честитки по повод празникот на старословенски јазик. Компаниите исто така ги испишаа своите логотипи на глаголица.

Прочитајте повеќе: Зошто Русите пишуваат на кирилица?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња