Овде можете БЕСПЛАТНО да гледате советски и руски филмови!

Vladimir Menshov/Mosfilm,1995
Корисник на Reddit направи сајт-агрегатор на филмови на кој е сé бесплатно и речиси сé е со англиски титл: од Ејзенштајн до Балабанов.

RussianFilmHub.com е сајт на кој на едно место се собрани сите советски и руски филмови бесплатно достапни на интернет.

„На сајтот Russian Film Hub можете легално бесплатно да гледате стотици руски и советски филмови со титл. Речиси сите филмови имаат англиски титл, а има и такви со титлови на неколку десетици јазици“, напиша креаторот на сајтот корисник на Reddit под прекар RussianEnthusiast. 

Сите филмови на сајтот се поделени во категории по жанр, деценија на настанок, режисер, па дури и по рејтингот на филмот на IMDb. Кога ќе изберете филм, тој се отвора на „Јутјуб“ или на друг видео-сервис, каде што е достапен бесплатно.

„Им го препорачувам на сите оние кои учат руски“, вели авторот на сајтот. А за да полесно изберете кој филм е за вас, погледнете ги нашите препораки:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња