Еластичниот дебелко од спотот на руската група Little Big за „Евровизија” го воодушеви светот

Скриншот / Youtube Eurovision Song Contest
Танчарот Дмитриј Красилов од Република Алтај, кој се појавува во спотот на групата Little Big за песната Uno, ги воодушеви странските блогери и медиуми.

„Тоа е толку харизматично”, цитира РИА „Новости” еден од коментарите на каналот wiwibloggs.

Авторот на каналот FrenchBaguette исто така високо ја оцени песната на групата, како и Красилов.

Странските музички медиуми го нарекуваат спотот за песната Uno на групата Little Big „потполно лудачки”. „Во него дури се појавува и „танц во скут“ кој го следи спотот и тој е, искрено, урнебесен“, пишува порталот The Line of Best Fit.

Русија на „Евровизија” во Холандија ќе ја претставува познатата руска група Little Big со песната Uno.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња