„Тамара” наопаку: Бајага и Биковиќ објавија нов хит за руско-српска љубов за „Хотел Белград”

Групата „Бајага и инструктори” и српскиот актер Милош Биковиќ објавија спот за песната која е официјален саундтрек на комедијата „Хотел Белград“, новиот заеднички проект на српската и руската кинематографија.

Спотот е објавен на официјалниот канал на музичката група на „Јутјуб“. За само два дена од објавувањето песната собра неколку стотици илјади прегледи и огромен број позитивни коментари и од Србите и од Русите. Самите проценете:

Песната се изведува и на руски и на српски, при што Милош Биковиќ го пее својот дел на руски јазик.

Гледачите велат дека „Дарја“ најверојатно брзо ќе стане „нова руско-српска кафеанска песна”.

Очигледна е врската на новата песна со вонвременскиот хит на Бајага „Тамара“.

Прикажувањето на комедијата „Хотел Белград” со Милош Биковиќ и Диана Пожарскаја почнува во руските и српските кина во март. Филмот е сниман во Москва и Белград.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња