5 факти за руската пејачка која настапи на Оскарите 2020

Екатерина Чеснокова/Sputnik
Ана Бутурлина ја изведе песната „Into the Unknown“ од анимираниот филм „Frozen 2“ на 92 доделување на Наградите на филмската академија во Лос Анџелес. Но, која е таа?

1. Официјалниот глас на Елса… и другите принцези на Дизни!

Пејачката Ана Бутурлина е официјалниот руски глас на Елса, главниот лик на филмовите „Замрзнати“. Таа ја синхронизира принцезата во сите делови на двата филма. На церемонијата на доделувањето на Оскар, одржана на 9 февруари во Лос Анџелес, таа настапи заедно со другите „Елси“ од САД, Германија, Норвешка, Данска, Јапонија, Мексико, Тајланд и Шпанија. Ана, исто така, ја отпеа својата улога на руски!

„Во непознатото“ беше номинирана за најдобра оригинална песна. Слушнете ја целосната руска верзија тука:

Всушност, Ана соработува со Walt Disney Pictures од 2009 година. Таа ја синхронизираше Тијана од „Принцезата и жабата“ (2009), „Тинкер Бел и изгубеното богатство“ (2009) и секако Елса во филмовите „Замрзнати“. Освен синхронизирањето, таа учествуваше и во руските саундтрекови за овие филмови!

2. Прва руска пејачка на Оскарите

Ана испиша историја со тоа што стана првата руска пејачка на церемонијата на Оскар. И, што е пофасцинантно таа не е само музичка поп-пејачка или оперска дива - Ана е искрена класична џез-пејачка! „Џезот не е шоу-бизнис во Русија“, рече таа еднаш во интервјуто, додавајќи дека во Русија нема продуценти кои би инвестирале во џез-индустријата, а музичарите го прават тоа „од љубов кон оваа музика“.

3. Позната руска џез-пејачка

Бутурлина е една од најпознатите руски џез-пејачки. Родена во Москва во 1977 година, таа дебитираше како солист во легендарниот џез-бенд на Анатолиј Крол во 1996 година, а потоа соработуваше со различни познати уметници. Таа настапуваше со Даниел Крамер, Алекс Ростоцки, Игор Бутман и Олег Лундстем. Може да го слушнете силниот глас на Ана Бутурлина на годишниот џез-фестивал во Градината Ермитаж во Москва и во имотот Архангељское. Во 2015 година, таа беше домаќин на нејзиниот фестивал наречен „Jazz Horn of Moscow“ во паркот Коломенское.

Таа е победник на многу меѓународни џез-натпревари и има снимено пет самостојни албуми! Во 2015 година, таа настапи на Генералното собрание на ООН со концертот посветен на 70-годишнината од Денот на победата.

4. Музичка актерка

Покрај класичниот џез, Ана се обиде и на театарската сцена. Во 2011 година, таа настапи во музичката претстава „Пенелопе, или 2 + 2“ од В. Сомерсет Могам, изведена во театарот за музика и драма „Стас Намин“ во Москва. Во 2018 година, таа ја играше главната улога во музичката комедија „Џентлменот од мјузик-хол“.

5. Музичка мајка

Од почетокот на нејзината кариера, Ана им помага на другите уметници да ги покажат своите таленти. Во 2009 година, таа го организираше првиот натпревар во Москва за млади џез-музичари. Сега често настапува со својата 13-годишна ќерка Евдокија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња