Во Битола одбележан Денот на руската дипломатија

Амбасада на РФ во РСМ
Денес, 10 февруари, по повод Денот на руската дипломатија, во Битола се одржа традиционална церемонија на положување цвеќе на споменикот „Руски крст”, посветен на рускиот императорски конзул Александар Ростковски.

Пред многубројните присутни, меѓу кои беа и почесните конзули на Русија во Битола и Охрид - Сергеј Самсоненкo и Велимир Стојковски, градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска, претставници на Министерството за надворешни работи и дипломатскиот кор, се обрати амбасадорот на Руска Федерација Сергеј Баздникин, кој потенцираше:

„Руската надворешна политика се темели врз цврстото убедување формулирано од канцеларот Александар Герчаков пред век и половина: „На постојат такви спротивставени интереси кои не можат да се помират, доколку се работи ревносно и напорно... во духот на правдата и умереноста”.

Ние никому не му се закануваме, ништо не наметнуваме, никому не му кажуваме како треба да живее, не се обидуваме да придобиеме еднострани вредности. Врз овие принципи се темелат односите со сите земји во светот...”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња