3Д-уметност за празниците: Во Санкт Петербург одржан светлосниот спектакл „Божиќна ѕвезда“ (ВИДЕО)

Скриншот / Sky Slant
Главното место на настанот беше легендарната Петропавловска тврдина.

Околу 400000 луѓе го посетија фестивалот на ласерски, светлосни и огнени ефекти „Божиќна ѕвезда“ во Санкт Петербург, пренесува ТВ „Ѕвезда“. Свои пиротехнички точки изведоа учесници од Санкт Петербург, Москва, Азербејџан, Белорусија, Андора и САД.

„Срцето“ на фестивалот беше Петропавловската тврдина. Нејзините sидини станаа светлосна сцена, на која своите вештини ги покажуваа мајсторите на 3Д-уметноста, аниматори и танчари.

Фестивалот заврши со величествен огномет над Нева.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња