(ФОТО) Како изгледа најголемата ризница на скриено богатство пронајдена во Русија

ГМЗ "Царское Село"
Големата колекција на семејниот сребрен прибор на угледното благородничко семејство Наришкин е за прв пат достапна за пошироката јавност.

Многу благороднички семејства по Револуцијата избезумени избегаа од Русија во странство, носејќи ги со себе само најнужните работи. Сепак, имаше и такви кои на најразлични начини успеаја да ги изнесат семејните скапоцености, но и такви на кои тоа не им појде од рака.

Меѓу овие вторите беше и богатото семејство Наришкин. Во Русија остана нивната луксузна колекција сервиси и прибори за јадење од скапоцени метали изработени во работилниците на најдобрите руски и француски мајстори.

За време на реновирањето на вилата на семејството Наришкин во Петербург во 2012 година, беше пронајдена тајна просторија во која се наоѓаше семејното богатство. Со преку две илјади предмети од благородни метали од јувелирска изработка, меѓу кои  имаше самовари, соларници, виљушки, лажици, разни садови, чинии, подметнувачи, оваа ризница го понесе епитетот на најголемата во модерна Русија.

Секој предмет беше грижливо спакуван, а меѓу целото то а богатство беа пронајдени и документите на Сергеј Сомов, сопругот на ќерката на последниот сопственик на вилата. Сомов, најверојатно учествувал во криењето на богатството, но подоцна и тој емигрирал и умрел, а бидејќи немал потомство, за овие скапоцености не знаел никој.

По неколкугодишно проучување, стручњаците го доставија богатството во Музејот во Царско село и сега околу 700 предмети од ризницата на семејството Наришкин за прв пат се достапни на пошироката јавност.

Изложбата е отворена до 24 март следната година во Екатеринскиот дворец во музејот-резерват Царско село.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња