Руската писателка Гузељ Јахина ја доби книжевнната награда „Иво Андриќ“

Global Look Press

Руската писателка Гузељ Јахина е наградена со престижната меѓународна награда „Иво Андриќ“ за најдобра книга. Годинешното жири на Институтот „Иво Андриќ“ го сочинуваа режисерот Емир Кустурица, академик Јован Делиќ, писателот Мухарем Баздуљ и критичарот Желидраг Никчевиќ. Наградата свечено ќе ѝ биде врачена на Гузељ Јахина на 27 јануари 2020 година во градот-музеј Андриќград (Република Српска)

Гузељ Јахина је позната писателка, добитничка на руските книжевни награди „Голема книга“ и „Јасна полјана“. Нејзиниот нов роман „Децата на Волга“ (рус. Дети мои) е посветен на животот на еден наставник по германски јазик. Главниот лик е наставник по име Бах, кој живее во германска колонија покрај Волга. Дејството на книгата се одвива помеѓу Октомвриската револуција и почетокот на Втората светска војна.

Во 2016 година жирито на Институтот „Андриќ“, предводено од Емир Кустурица, наградата што го носи името на големиот југословенски писател ја додели на Захар Прилепин. Рускиот писател ја доби наградата за неговиот роман „Обител“ и збирката раскази „Седум животи“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња