Руската пијанистка Виолета Егорова настапува во Охрид

Dimitry Pletnev (CC BY-SA 3.0)
Руската пијанистка вечерва ќе ѝ се претстави на публиката во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Виолета Егорова започнала да свири пијано на четири годишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува на Московскиот конзерваториум „П.И.Чајковски“ под менторство на прочуениот Лев Наумов.

Додека сѐ  уште била студент, нејзиниот талент го препознава  Руско-Американската корпорација „ Уметност и електроника“ и ѝ овозможува да сними ЦД со дела од Моцарт и Прокофјев одбележувајќи ги годишнините од раѓањето на овие композитори. Потоа, снима уште неколку носачи на звук за „Јуниверзал мјузик“, како и за јапонската „Теичику рекордс“ ,  додека пак нејзините настапи се пренесувани на радио и телевизија во Италија, Турција, Канада, Египет, Еквадор, Франција и Русија.

Виолета Егорова е лауреат на повеќе интернационални натпревари, настапува во некои од најпознатите концертни сали во светот, а често како солист настапува и со реномирани оркестри.

Егорова предава пијано на Академијата „Рахманинов“ во Катанија, каде е претседател и основач на интернационалната награда „Сергеј Рахманинов“.

Уметнички директор е на Интернационалниот фестивал „Концертфест“ во Москва и е активен член на Интернационалната Академија за информатизација која има консултативен статус при Обединетите нации од 1995 година.

Настапот е закажан за 21 часот, се вели на сајтот на „Охридско лето“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња