Она што го издвојува Шаповалов од останатите надарени виолончелисти во светот е неговото комплексно продирање во суштината на делата кои ги изведува, неверојатната техника и исклучителна експресивност.
Настапува на значајни интернационални фестивали во Русија, Франција, Италија, Германија, Австрија, САД, Јапонија и Кина, а соработува и со истакнати оркестри како Симфонискиот оркестар „Чајковски“, Симфонискиот оркестар во Санкт Петербург, камерните оркестри „Московски виртуози“ и „Московски солисти“, оркестарот на Баварското радио, Холандската филхармонија, Лондонскиот симфониски оркестар, Лондонската филхармонија, оркестрите во Балтимор, Токио, Братислава, Макао и др.
Освен како солист, Денис Шаповалов, гради кариера и настапува и како диригент, одржува мајсторски курсеви и компонира. Неговите дела се одлично примени од критиката и публиката.
Репертоарот на рускиот пијанист Александер Вершинин вклучува музика од различни жанрови, од класични дела се до џез импровизации. Особено внимание посветува на опусот на Александар Скрјабин,неговите последни дела, пет сонати и делницата за пијано од симфониската поема „Прометеј“.
Со педагогијата како негов примарен повик, Вершинин одржува мастер-класови во Русија и надвор од неа, но успешно ги комбинира со неговите настапи на интернационални фестивали и турнеи во Франција, Германија, Јапонија, САД, Јужна Кореја и др. Тој е основач и уметнички директор на различни проекти меѓу кои крос-овер фјужн проекстот „Индија во Сино“, „Класика и џез“, како и серијата класични концерти со наслов „Историски концерти“. Неоговото авторско дела „Свита Бајки“ за соло глас, саксофон, џез пијано трио и гудачки оркестар се здобива со одличен прием кај публиката но и кај стручната музичка јавност во Русија.
Настапот на уметниците е закажан за 21 часот, се вели на сајтот на „Охридско лето“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче