Рускиот квартет „Терем“ настапува во охридска „Св. Софија“

Anazara123 / Wikipedia
Вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе настапи квартетот „Терем“ од Санкт Петербург.

Според руската новинарска фела, Квартетот „Терем“ заедно со музејот „Ермитаж“, театарот „Марински“ и Рускиот музеј се главни претставници на културниот живот на Санкт Петербург. Првиот концерт квартетот го реализирал  на 26 ноември 1986 година, и овој датум неговите членови го сметаат за роденден на ансамблот.

Квартетот „Терем“ настапува во состав: Национален уметник на Русија Андреј Константинов на сопран домбра, Национален уметник на Русија Андреј Смирнов на бајан, Алексеј Барсчев на алт домбра и Владимир Кудрјавчев на контрабас.

Секој член на квартетот е истовремено композитор, аранжер, импровизатор, но музиката која ја свират произлегува од нивната заедничка креативност. Репертоарот на ансамблот се состои од повеќе од 500 композиции, оригинални транскрипции, парадоксални фантазии инспирирани од популарни теми од класичната и современа музика, како и фолклор, џез и музика од филм. Креативноста ја црпат од руската уметност и од старите традиции, поради што честопати ја претставуваат Русија на значајни манифестации и пред светски лидери.

Музиката на „Терем“ е страсна, жива и низ неа звучат акордите на руската душа. Музичарите на сцената честопати излегуваат од рамките на „стандардниот концерт“ правејќи го истиот поинакво, театарско доживување креирајќи дијалог со публиката, се вели на сајтот на „Охридско лето“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња