На денеска остварената средба меѓу министерот за култура на Република С. Македонија Хусни Исмаили и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин беше потенцирана одличната соработка меѓу двете земји во сферата на културата. Беше истакната и традиционалната соработка во сферата на литературата и издавачката дејност, како и соработката во театарската дејност.
До крајот на годинава е предвидено одржување на манифестацијата „Денови на македонската култура во Руската Федерација“, како и реализација на проектот „Читај ја Македонија“ во Москва.
Од македонска страна беше изразена благодарност за поддршката во делот на културата што ја дава Амбасадата на Руската Федерација и изразено уверување дека македонско-руското партнерство и понатаму ќе продолжи да се развива и да се унапредува, се вели во соопштението на сајтот на Министерството за култура на РСМ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.