Денеска, 5 јуни, во 20 часот на програмата е филмот „Молох“, режиран 1999 година од Александар Сокуров.
Во четврток, 6 јуни, во 20 часот, ќе биде прикажан филмот „Осамениот глас на човекот“, исто така режисерско остварување на Александар Сокуров. Филмот има култен статус меѓу јапонските филмофили и често се прикажува во арт-кината во Токио, а славниот Андреј Тарковски изјавил дека „Осамениот глас на човекот“е филмско дело на гениј.
Во петок, 7 јуни, во 20 часот, гледачите ќе имаат можност да го гледаат филмот „Писмата на мртвиот човек“, дебитантски долгометражен игран филм на на режисерот Константин Лопушански.
Во сабота, 8 јуни, во 21 часот, ќе биде прикажан „Посетител на музејот“, исто така остварување на Константин Лопушански.
Во недела, 9 јуни, во 20 часот, ќе биде прикажан филмот „Улога“ во режиjа на Константин Лопушански.
Филмот беше прикажан на 35 Московски меѓународен филмски фестивал и ја доби наградата „Ника“ за најдобро сценарио.
Во понеделник, 10 јуни, во 18:30 часот, ќе биде прикажан филмот „Денови на затемнување“ на Александар Сокуров.
Филмот е добитник на повеќе филмски награди и признанија, снимен со користење на невообичаени филмски техники.
Влезот за сите проекции е бесплатен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче