Познатиот руски пијанист Борис Березовски настапува во Филхармонијата. Еден од најбараните современи солисти вчеравечер се претстави со изведба на дела од Шуман, Балакирјев и Григ.
Березовски беше придружуван од македонски уметници – виолинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов, Бојан Талески – виола и Александар Котевски – виолончело.
Вечерва Березовски настапува како солист со Филхармонијата на симфонискиот концерт насловен „Кодот на Березовски“. Ќе изведе два концерта за пијано и оркестар едноподруго, кога ќе биде и самиот диригент – Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Сергеј Прокофјев, Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Дмитриј Шостакович и Симфонија бр. 2 од Александар Бородин, под водство на младиот диригент со меѓународна кариера Виктор Митревски.
Березовски има настапувано со Њујоршката филхармонија, оркестарот „Филхармонија“ од Лондон, Ротердамската филхармонија, настапува редовно на пијано-сериите на Берлинската филхармонија и на амстердамскиот „Концертгебау“ и „Ројал фестивал хол“ во Лондон…
Соработува и со истакнати музичари и има голем број аудиозаписи со изведба на дела од Шопен, Шуман, Рахмањинов, Балакирев, Равел...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче