Вечерта на 20 мај љубителите на серијата се собраа во „РЖД Арената“ во Москва за заедно да ја проследат последната епизода од „Игра на престолите“.
Просторот е поделен во четири сектори во кои беа сместени фановите на куќите Старк, Таргарјен, Ланистер и Грејџој.
Секој сектор доби билети со соодветниот грб.
Некои гледачи не можеа да ги задржат солзите кога зазвучи уводната шпица.
НЕ ЧИТАЈТЕ ПОНАТАМУ, ако сè уште не сте ја гледале оваа епизода.
Но, тагата набргу беше заменета со радост кога Денерис Таргарјен за своите злосторства плати со смрт.
Додека некои беа шокирани од ваквиот развој на настаните, други продолжија да се кикотат.
„Така ти треба! За Винтерфел! [веројатно мислејќи на King's Landing - Russia Beyond]“ – извикуваа фановите.
„Штета. Беше достоен противник“, помисли Санса.
Гледачите не се радуваа само на смртта на Денерис, ами на тоа што изгоре железниот престол, симболот на моќта на Седумте Кралства.
Некои едноставно му аплаудираа на новиот крал: Брен Старк.
Сè на сè, поголемиот број фанови беа преполни со впечатоци кои не беа далеку од она што им го вети авторот на „Песната на мразот и огнот“ Џорџ Р. Р. Мартин, врз основа на чиј роман е снимена серијата.
„Тоа е сè? Зарем не можевме да добиеме барем уште една добра битка за крај?!“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче