Сергеј Лазарев од Русија го зазеде 3 место на Евровизија 2019

Reuters

Рускиот пејач Сергеј Лазарев го зазеде третото место во финалето на Евровизија 2019. Првото место го освои пејачот од Холандија Данкан Лоренс со композицијата „Arcade“.

Треба да се спомене дека Лазарев веќе учествуваше на Евровизија во 2016 година и тогаш се врати од натпреварот со бронза. Во 2016 година тој настапи со песната „You are the only one“. Оваа година рускиот пејач се претстави со композицијата „Scream“.

Ваквото совпаѓање на резултатите активно се дискутира на Интернет. Некои корисници на Интернет сметаат дека не го следела среќата, а други, пак, му предлагаат на Лазарев да проба по трети пат. Но, најголемиот дел од гледачите забележуваат дека настапот на рускиот изведувач беше маркантен и ефектен, затоа тој стана неоспорен победник во очите на своите сонародници.

На почетокот Лазарев доби малку гласови според одлуките на жиријата и се најде на деветтото место. Сепак, гледачите од европските земји го оценија високо настапот на пејачот, така што тој ја доби бронзата. Лазарев, пак, смета дека трето место е добар показател. „Многу сум задоволен од својот настап во финалето. Според мислењето на мојот тим, ова бил најсилниот настап од сите што ги имавме тука, на Евровизија – и од пробите и од полуфиналето“, подвлече тој.

Русија учествува на Евровизија од 1994 година, но за 25 години само еднаш успеа да победи. Оваа победа на Русија ѝ ја донесе Дима Билан, кој во 2008 година во Белград собра 272 поени и го зазеде првото место. Интересно е што за Билан тоа беше втор обид. Првиот се случи две години претходно, во 2006 година во Атина. Тогаш Билан го освои второто место.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња